info@karti.com.mk

Стобилозофија

октомври

05

200-1500 мкд

12:00

Стоби Винарија

Stobilosophy

почувствувајте го врвното задоволство по вторпат...

 

*Групна влезница вклучува:

- 6 единечни влезници

- Две Stobi вина (Antigona и Cuvee)

- Даска со врвни галички сирења и кашкавал

Стобилозофијата е доктрина со која се учи да се ужива во убавите нешта, без да му се пречи никому, а притоа и никој да не страда поради сопственото уживање. Тоа е филозофија во која се испреплетени и телесното и духовното уживање, овозможена првенствено од вкусовите на врвните вина на Стоби, како и сплотувањето со омилената музика, дополнета со атмосферата и амбиентот во комплексот на винаријата... Сето тоа прави чувството на близок контакт со Стобилозофијата да биде совршено.

Стобилозофијата започна со концерт на популарниот бившојугословенски бенд Црвена јабука, на 23 јуни, во паркот на винаријата, а ќе продолжи со настап на групата Фрајле, на 5 октомври.

Винаријата Стоби мисли и се грижи и за сите што сакаат да дојдат со своите дечиња, за кои ќе биде обезбедено детско катче, со различен вид забавни содржини, како и грижа и активности од аниматори.

За сите гости е обезбеден доволно простран паркинг-простор.

Стоби за вас обезбеди сенка под шаторот на винаријата, вината се разладени, мезето ќе чека подготвено, атмосферата ќе ни ја збогатат хитовите и рефрените на Фрајле - сосема доволно за љубителите на филозофијата на Stobilosophy да се чувствуваат прекрасно.

Да го продолжиме летото токму в сабота, на 5 октомври, во комплексот на винаријата, и со убава енергија да продолжиме со уживањето.