info@karti.com.mk

SHABAZZ PALACES НА CINEDAYS 2018

ноември

17

250 мкд

23:00

МКЦ

SHABAZZ PALACES НА CINEDAYS 2018

shabazz palaces na cinedays 2018 mkc 

За концертов сме многу возбудени и едвај дочекавме да дојдат на ред за најава!
За прв пат во Скопје, американското експериментално хип хоп дуо SHABAZZ PALACES во МКЦ, во рамки на Cinedays Festival of European Film.

17.ноември.2018
МКЦ Скопје
23:00
Влез: 250 денари
-----
Хип-хоп дуото Shabazz Palaces е проект на Ишмаел „Батерфлај“ Батлер, иако членот на Digable Planets не брзаше да го признае тоа. Во 2009 година Shabazz Palaces издадоа две EP изданија – едното едноставно насловено „Shabazz Palaces“, а другото под назив „Of Light“, но името на Батлер не се појави ни на едното, ни на другото. Енигматичниот сиетлски бенд не објави никакви промо фотки, не се појави на социјалните мрежи и немаше никакви соопштенија за јавноста, но тоа не ги спречи локалните медиуми да ги пофалат овие изданија, кои носат поголема длабочина од онаа на Digable Planets, а сепак ја задржуваат истата прогресивност. 
EP-ата станаа омилени и во канцелариите на Sub Pop и, во 2010 година, дискографската куќа, којашто обично соработува со инди изведувачи, го потпишува хип-хоп проектот, а потоа во 2011 година го издава и нивниот прв албум „Black Up“. 
Следно, излезе информацијата дека Тендај Мараире, синот на познатиот мбирарист Думисани Мараире, беше одговорен на повеќето музички инструменти на албумот и дека Shabazz Palaces во суштина се дуо.

И Батлер и Мараире беа релативно тивки во годините што следеа, но најдоа време на гостуваат на „AwENaturalE“, деби албумот на алтернативното хип-хоп дуо од Сиетл, THEESatisfaction. 
Во 2014 година ќе соработуваат со Хусеин Калонџи за да го создадат албумот „riZevadZimuriZe“, а подоцна истата година излегува и нивниот втор албум, „Lese Majesty“. 

Три години подоцна, во 2017 година, излегуваат уште два албума: „Quazarz: Born on a Gangster Star“ и „Quazarz vs the Jealous Machines“ – обата албума го опишуваат патешествието на Quazarz, небесно суштество кое се обидува да се справи со суровата реалност на животот на Земјата.