info@karti.com.mk

Ревизор

мај

29

150 мкд

20:00

Драмски Театар

Ревизор

teatarska pretstava revizor - dramski teatar 

„Ревизор” е општествена и морална сатира-ремек дело од Н.В. Гогољ, писател кој е подеднакво актуелен и современ како некогаш така и сега. Гогољ ја разбудува свеста за нас самите и не потсетува дека треба да се погледнеме во огледало и не треба да му се лутиме на огледалото ако лицето ни е грдо. Тој не потсетува дека живееме во општество во кое ништо не е на своето место, општество без никакви морални вредности . Самоволието на власта, нефункционалните институции, корумпираното судство, здравство и образование, злоупотребата на службената должност и моќ, хипокризијата, подмитувањето, клиентелизмот, алчноста, кариеризмот и сплеткарењето се синоними не само за некогашното туку и за нашето доба. Тоа се појави кои денеска ги живееме и со кои секојдневно се судираме. Гогољевите ликови се препознатливи во сите времиња. Денес, истите тие ликови ги среќаваме во нашето потесно и пошироко опкружување.Тие ни ја откриваат смешната и страшната слика на општеството во кое живееме.