info@karti.com.mk

Предновогодишен виртуелен концерт на ДНК

декември

28

300-1000 мкд

20:00

 

Драги наши пријатели, фанови и соработници. Сите знаеме дека оваа 2020 година општо беше претешка за сите нас на сите полиња. Многумина изгубија свои најблиски, претрпеа огромни финансиски загуби, го изгубивме духот, дружбата, насмевката, позитивната мисла и што е најбитно заборавивме да пееме, да се дружиме и забавуваме. Но не се даваме!!! Како што сите знаете, оваа година ДНК слави полнолетство односно 18години постоење на Македонската поп естрада. Имавме супер план, но со оглед на околностите бевме спречени да прославиме физички заедно со сите вас. Сепак не се откажавме и по тој повод решивме да се спротиставиме на оваа летаргична година, и во новата 2021 да влеземе со песна и позитивна мисла како што тоа најдобро го знаеме со ДНК.  За прв пат во Македонија заедно со нашиот бенд решивме да направиме еден предновогодишен виртуелен ( стриминг ) концерт кој ќе се одржи во Понеделник, на 28.12 со почеток во 20ч на официјалната фејсбук ДНК фан страна. “Влезницата” која во ова тешко време за нас артистите воедно ќе биде и еден вид ваша поддршка/донација ќе чини симболични 300денари со можност да “купите/донирате” повеќе, нормално секој во склоп со неговите можности, а секој преглед и купена карта/донација ќе биде наша мотивација за многу нови изненадувања во 2021 кои ги крчкавме по дома. Билетите за влезот/гејтот може да ги набавите исклучиво онлајн преку www.karti.com.mk продажната мрежа и на тој начин да не поддржите на концертот и прославата на 18 годишното ДНК постоење .Ве поздравуваме, премногу сме возбудени бидејќи прв пат ќе свириме по пауза од 10месеци и однапред сме ви преблагодарни за вашата поддршка во овој тежок период за нас, а воедно и за сите овие 18години.

Ве очекуваме во огромен број, барем 10 пати повеќе од нашиот последниот саемски концерт и нормално интерактивно / виртуелно ќе се забавуваме и одговараме на вашите пораки.

 Ваши ДНК