+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



Почеток: 21:00 часот “Стаклена Менажерија” е едно од најинтересните дела на славниот Тенеси Вилијамс. Тој ја отсликува својата автобиографија во односите помеѓу самите ликови во драмата. Доминантната мајка ги измачува своите деца со нејзините константни планови за иднината. Таа неможе никако да разбере дека нејзините желби не се желби и на луѓето окулу неа. Том цело време планира бегство од домот полн со агресија. Тој е поет што сака авантури и затоа сака да ги напушти мајка му и сестра му, само и само за да го следи својот млад и немирен дух. Лора е девојка со хендикеп која никогаш не осетила љубов и никогаш немала надеж дека некој ќе ја сака. Токму затоа доаѓањето на младиот Џим е главниот момент во пиесата што го предизвикува сринувањето на Лора. Таа разбира дека може да љуби, а потоа го губи тоа право. „Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби. Софија Ристевска – Петрушева Софија Ристевска – Петрушева дипломирала театарска режија на Националната академија за театар и филм, “Крсто Сарафов” во Софија, Бугарија. До сега режирала над триесет театарски претстави во институционални и независни театри низ Македонија, Бугарија и Србија. Со ансамблот од Охридскиот театар има соработувано на три претстави: “Граница”, “Валкани приказни” и “Европа”, сите три реализирани пред театарот да стане официјална, државна институција. Од 2013 г, е сопственик и уметнички директор на Интимен театар во Битола. Тоа е независен театарски простор, во којшто Ристевска -Петрушева, продуцира свои претстави, но исто така, кани и гостувачки продукции. Театарот прима до педесетина луѓе публика и е простор за презентација како на професионални продукции, така и на млади луѓе што работат во склоп на младинската сцена при самиот театар. Претстави на Ристевска – Петрушева досега гостувале во Бугарија, Србија, Турција, Босна, Словенија, Албанија, Ерменија и Аргентина.
Почеток: 21:00 часот Членовите на секстетот „The Queen’s Six“ се дел од професионалните пејачи, наречени Lay Clerks на капелата „St. George“, кои живеат и работат во дворецот „Виндзор“ во Велика Британија. За да се биде член на еден ваков колектив потребни се високи музички стандарди, бидејќи тие се оние кои редовно настапуваат за Кралското семејство. Членовите на „The Queen’s Six“ се извонредни музичари кои што често може да ги сретнеме и во други значајни вокални ансамбли од светот, како „The Sixteen“, „The Tallis Scholars“ и „Tenebrae“. Репертоарот кој го изведуваат е прилично разновиден, а тука покрај делата од раната музичка историја спаѓаат и дела од народната музика, како и аранжмани на дела од поп и џез музиката. Досега имаат издадено повеќе компакт дискови, кои се одлично прифатени од слушателите.
Почеток: 21:00 часот Како резултат на потребата за гудачко камерно музицирање на македонската класична сцена, гудачкиот квартет како најсложена форма за интерпретација, како и потребата да прозвучат најголемите класици од железниот репертоар од ваков состав, се создава гудачкиот квартет на Македонската филхармонија, формиран од помлади членови на оркестарот на оваа институција. Со голема поддршка од раководството на институцијата и директорот Виктор Илиевски, „Квартет Филхармонија“ започнува да функционира во октомври 2017 година, а само два месеци подоцна веќе го одржува својот прв концерт. Оттогаш започнува активната дејност на овој квартетот, кој во текот на овие неколку месеци постоење веќе има соработувано со познати диригенти и истакнати уметници во камерното музицирање. Ана Кондратенко (прва виолина) своето образование го започнува во родната Русија, а дипломира на Високата музичка школа во Келн, во класата на светски познатиот виолинист Виктор Третјаков. Како солист и концерт-мајстор е доста активна во Македонија, но и во Русија и голем број други земји во Европа, Америка и Азија. Бојан Илкоски (втора виолина) дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Олег Кондратенко. Често настапува како камерен музичар, поле на кое соработува со светски реномирани артисти. Неговата активна изведувачка дејност го носи и вон границите на Македонија. Бојан Талески (виола) најпрвин започнува да свири на виолина, а подоцна се определува за инструментот виола. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Фросина Балова. Чест гостин е на фестивалите во Македонија, но и надвор од неа. Добитник е на награди на неколку натпревари во Македонија и Бугарија. Марија Михајловска (виолончело) дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје со највисоката оценка Cum Laude, во класата на проф. Живко Фирфов. Во 2015 година ги завршува и своите магистерски студии на ФМУ во класата на познатиот чешки виолончелист Микал Канка. Учесник е и на повеќе мајсторски курсеви предводени од еминентни музичари.
Почеток: 21:00 часот Пијанистките Ана Гацева и Татјана Џорлева настапуваат во камерен состав од 2005 година, кога го одржуваат својот прв целовечерен рецитал на фестивалот „Скопско лето“. Оттогаш, тие во континуитет реализирале многубројни успешни концерти низ земјата. Континуираното заедничко музицирање на овие две пијанистки, професорки на Музичките aкадемии во Скопје и Штип, е секогаш високо оценувано од музичката критика. Репертоарот на дуетот опфаќа композиции од сите музички стилови и епохи, вклучувајќи и дела од македонски и светски современи композитори. Како солист Ана Гацева се издвојува како една од најактивните и најуспешните во земјава, а критиката ја оценува како уметник кој плени со својот зрел артизам и потцртана индивидуалност, техничка виртуозност и изразена експресивност. Таа е добитник на повеќе високи државни и меѓународни награди. Татјана Џорлева е исто така солист кој реализира бројни концертни настапи, како во земјава така и на европската сцена. Значајни се нејзините соработки со македонски композитори: Димитрије Бужаровски, Гоце Коларовски, Томислав Зографски, Стефан Гајдов, Дамјан Темков кои резултираат со постојана промоција на македонската музика во земјава и надвор од неа. Добитник е на бројни награди и признанија.
Почеток: 21:00 часот Вроцлавскиот барокен ансамбл е основан од Анджеј Косендиак, кој во истовреме e и уметнички директор и диригент на овој состав. Ансамблот е постојано активен и соработува со музичари од Вроцлавскиот барокен оркестар, како и со голем број други изведувачи од Полска и Европа. На нивниот репертоар, пред сè е барокната музика со особен акцент на онаа од полските композитори. Покрај камерните дела, ансамблот често изведува и ораториуми и кантати. Досега се претставил на најголемите фестивали во Полска, има издадено неколку компакт дискови, од кои значајни се оние со музика на полскиот композитор Гжегож Гервази Горчицки. Како директор на Националниот форум за музика „Витолд Лутославски“, диригент и професор, Анджеј Косендиак се смета за еден од најактивните музичари и промотори во Полска. Покрај останатите ангажмани, значајно е неговото директорско место во Вроцлавската филхармонија и на интернационалниот фестивал „Wratislavia Cantans“. Тој е и основач на хорот и машкиот детски хор на Националниот форум за музика, како и Вроцлавскиот барокен оркестар. Посебен интерес Косендиак покажува за музиката од раниот период. Доста активен е и во својата диригентска дејност, постојано одржувајќи концерти со Вроцлавската филхармонија и хорот на Националниот форум за музика, со Вроцлавскиот барокен оркетар, како и со повеќе други полски оркестри. За својата работа добитник е на многу награди. Алдона Бартник студиите ги завршува на Кралскиот конзерваториум во Хаг, специјализирајќи изведба на музика од раниот период. Во нејзината кариера најзначајно е камерното музицирање, како дел од вокално-инструментален ансамбл или хор. На нејзиниот репертоар најзастапена е музиката од полски композитори, што ја прави оваа солистка еден од најголемите промотори на полската музика во светот. Во нејзината дискографија се вбројуваат неколку компакт дискови, повеќето од нив направени со Вроцлавскиот барокен ансамбл. Четири од нив изминативе години биле номинирани за престижната полска музичка награда „Фредерик“. Пјотр Лајковски е полски контратенор кој своите изведувачки вештини ги усовршувал на многубројни работилници и мајсторски курсеви во Полска и надвор од неа. Специјализира на полето на барокната музика, воглавно осврнувајќи се на ораториумите и кантатите од тој период. Во својата кариера соработувал со голем број ансамбли и изведувачи на музика од раниот период. Моментално работи како професор по соло пеење на Академијата за музика и Средното музичко училиште во Вроцлав. Тој е еден од основачите и директор на Интернационалниот натпревар по соло пеење „Анджеј Хиолски“. Тенорот Бенјамин Глаубиц своите музички почетоци ги бележи во познатиот машки детски хор на лутеранската црква „Кројцкирхе“ во Дрезден. Додипломските и постдипломските студии ги завршува на Универзитетот за музика во Дрезден, а потоа продолжува да се усовршува под менторство на еминентни имиња од полето на вокалната музика. Постојано е присутен на музичките сцени и соработува со реномирани ансамбли и добро познати диригенти од целиот свет. Настапува како солист, но и како камерен музичар во голем број значајни музички центри во Европа, Азија и Јужна Америка. Полскиот бас-баритон Јержи Бутрин се школувал на Музичката академија во Вроцлав, а со стипендија на програмата „Еразмус“ своите вокални способности ги усовршува на Колеџот за музика во Детмолд. Во моментов се наоѓа на своите докторски студии на вокалниот оддел на Музичката академија во Вроцлав. Учествувал на вокални работилници и мајсторски курсеви предводени од големи светски оперски пејачи. Бутрин е и добитник на бројни награди на натпревари по соло пеење. Соработува со повеќе ансамбли специјализирани за изведба на музика од раниот период.
Почеток: 21:00 часот „За љубовта на човекомразецот или за омразата на човекољубецот“ -Оваа сериозна комедија е поглед во човековата душа на современиците од периодот кога била пишувана во 17 век, но e и магнетна резонанца на нашето време. Патувањето со нас е како гледање во играта на сенката. Ако се вели дека првата линија била линијата на сенката, нашиот мизантроп подвлекува линија и го поставува онтолошкото прашање: кој е побезбедниот пат – дали умерената лага или ноторната вистина? Во кој од овие два избора демне спасот, и постои ли воопшто вистинска вистина? Дали еуфемизмите на современиот ултра хипер орто и онто човек ќе ја сменат линијата на неговата сенка ако наместо слатки лаги почне да (рас)кажува за нештата какви што се навистина. Но внимателно со иднината, сенката на современиот човек кој пат и да го фати, бездруго, ќе допре до портите на пеколот. Ова е и драматуршка потрага по тоа кој е човекомразецот во пиесата – Алсест или Оронт, или можеби Селимена, Арсиноја…? Алсест и Филинт, Арсиноја и Селимена, и сите ликови во оваа трагикомедија се драматуршки биполарни, расцепени помеѓу стравот и страста, разумот и срцето. Понекогаш овие борби и ова биполарно растројство знаат да бидат смешни, забавни. А можеби во тоа се состои и лекот и спасот. Смеата! Макар и горчлива, таа ќе нè спаси. Дарко Јан Спасов, драматург АНА Вукотиќ е родена во 1977 г. во Подгорица. Дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Цетиње (2004 г.), во класата на професорите Егон Савин и Радмила Војводиќ. Добитничка е на бројни награди за режија на локални и на регионални театарски фестивали: за „Дон Жуан“ – Фестивал „Мали сцени“ Риека, специјална награда „Вељко Маричиќ“ за современо читање на драмски класици; Претставата „Дон Жуан“ на Југословенскиот театарски фестивал во Ужице (2010 г.)во нејзина режија се закити со наградите Ардалион за најдобра режија, Ардалион за најдобра машка улога на Драган Мичановиќ, Ардалион за најдобра костимографија за Лео Кулаш; „Смртни гревови“ на Првиот фестивал на црногорски театар (2007 год.) беше прогласена за најдобра претстава, доби и награди за режија, за целокупен визуелен идентитет, за најдобра машка и за најдобра женска улога; „The Beauty Queen“ – Меѓународен фестивал „Славија фест“ 2005 во Белград: „Дон Кихот“ беше прогласена за најдобра претстава. За „Смртни гревови“ Вукотиќ ја доби награда на Црногорскиот народен театар за најдобар режисер во сезоната 2006–2007 год.
19.07.2018 21:00 ч. Центар за култура Григор Прличев
24.07.2018 21:00 ч. Црква Св.Софија
25.07.2018 21:00 ч. Црква Св.Софија
26.07.2018 19:00 ч. Центар за култура Григор Прличев
26.07.2018 21:00 ч. Црква Св.Софија
27.07.2018 21:00 ч. Црква Св.Софија
29.07.2018 21:00 ч. Центар за култура Григор Прличев