Блок карта за OFFICINA ZOÉ, IFRIQIYYA ELECTRIQUE И GAYE SU AKYOL
OFFEST 2018
Во Саленто, кој се наоѓа приближно таму каде што треба да бидат „врвките на италијанската чизма“, традициите се негуваат со голема гордост. Како една од најзначајните културни експресии во регионот е „пицика“ или „пицика тарантата“, народен танц и музички стил кои што се спојуваат во едно. Officina Zoé веќе неколку години се меѓу главните чувари на „пициката”. Нивните настапи во живо провоцираат искуство на транс. Долгите интензивни и повторувачки вокални делници, заедно со силните, огнени и бесни перкусии и вртоглавата хармоника експлодираат во бесконечен танц. Групата не опстојува само во својата прекрасна „изолација”. Таа е постојано отворена за соработка и со другите култури, како на пример турскиот мулти-инструменталист Мерџан Деде, пејачот од Мали Мамани Кеита и Баба Сисоко. Уште од 1993 година Officina Zoé е најпознатата група која ја изведува традиционалната музика од регионот на Саленто, онаа на своите предци, со ритми кои се возбудливи, терапевтски и забавни, силни елементи на повторното музичко раѓање на целата Јужна Италија. Покрај Европа, Officina Zoé имаат настапувано во САД, Австралија, Кореја, Јапонија, Аргентина, Мароко, Индија.
Ifriqiyya Electrique е уникатен проект. Повеќе од концепт, тоа е вистински адорцистички обред и транс кој што го практикува заедницата Банга. Настап на Банга музичарите во интеракција со електроника и засилувачи. Рекомпонирана музика, трансцендентална и пост-индустриска церемонија. Несомнено, вкоренета во африканските традиции и звуци, нивната традиционална звучност е целосно трансформирана меѓу индустриските звуци и острите гитарски линии. Банга е древна музичка традиција карактеристична за јужниот дел на пустината во Тунис, со цврсти, метални перкусии и групирани гласови. Истовремено, тоа е ритуал со кој се повикуваат духовите да влезат во телото и умот. Ifriqiyya Electrique се конверзација на ритмите и песните на тројцата Банга музичари, со гитарата, басот и електрониката. Нивниот деби албум “Rûwâhîne“ објавен во мај 2017 година за Glitterbeat Records беше меѓу првите десет на светските музички листи во Европа и САД. Тоа е неверојатнo делo, неслушнато досега и тешко повторливо.
Пејачката Гаје Су Акјол растејќи во Истанбул, градот кој низ вековите привлекувал и спојувал различни култури, ја вдишува секоја длабока и слоевита историска одлика на секојдневието, заедно со древните корени на нејзиното семејство од Анатолија. Овие богати традиции се спојуваат за да формираат дел од звукот кој што таа го развива и совршените турски мелодии се испреплетуваат околу пикантните, вибрирачки гитари и ритми. Повторувањето на турските слатко - горчливи искуства од минатото и драматичната сегашност ги прават нејзините текстови храбри и особено лични. Гаје Су Акјол е извонредно успешна во спојувањето на рок и „инди” музиката со препознатливиот турски звук. „Мојот стил наликува на старото турско пеење, богатo и експресивнo“, вели таа. „Мојата музика е нешто ново во Турција, но и во светот затоа што е мешавина на многу стилови“. Во универзумот на Гаје Су Акјол, минатото ја обвиткува сегашноста и ја наговестува иднината. Нејзиниот последен албум “Hologram Ĭmparatorluğu“ е енергичен, моќно опоен и отровно убав. Тој беше проследен со брилијантна европска турнеја.