info@karti.com.mk

Noga Erez на Cinedays 2018

ноември

08

250 мкд

22:30

МКЦ

Noga Erez на Cinedays 2018
Отворањето на 17то издание на CINEDAYS е на 8ми ноември, а од тогаш, па во наредните 10 дена Скопје живее во филм, а годинава можеме слободно и да кажеме со неверојатно богата, разнвидна и квалитетна музичка подлога на целото филмско „лудило“ кое следи.

Првиот концерт во рамки на CINEDAYS, за отварањето на фестивалот, на 8ми ноември е концертот на NOGA EREZ.

NOGA EREZ ни доаѓа од Тел Авив, Израел, за прв пат во Македонија.
Без оглед на музичкиот стил, како и чувствата кон својата татковина, Нога Ерез никогаш не можела да го игнорира своето опкружување. На крајот на краиштата, дури и ескапизмот признава дека постои нешто од што треба да се побегне, и напати, како и многумина други што израснале во Тел Авив, Ерез сака да се исклучи од светот во кој владеат сили кои ниту ги разбира, ниту може да ги контролира. Но има нешто што Ерез во никој случај не е – наивна. А значењето на ова е едноставно: нејзината музика го изразува начинот на којшто научила да живее. За ова, самата вели: „Целта ми е на луѓето да им давам моменти на мисла и инспирација, но истовремено да им понудам и бегство и забава“.

Тоа не е баш лесна цел, но малкумина успеваат во тоа како Ерез. Музиката што ја создава заедно со нејзиниот партнер и музички соработник Ори Русо, истражува голем број од пофизичките и подинамични елементи на електронската музика, но исто така опфаќа и еден необичен сензибилитет што ја прави една од највозбудливите и најкарактеристични изведувачи од нејзиното поднебје. Црпејќи инспирација од Bjork, M.I.A, FKA Twigs, како и од Flying Lotus, Kendrick Lamar, Frank Ocean.... грубите текстури и моќната атмосфера создадени со нејзините синтисајзери и генијалниот ритам храбро ги пречекоруваат музичките жанрови, дополнително поттикнати од околината во којашто израснала.

Бескомпромисна и непредвидлива, софистицирана и храбра, Нога Ерез е сосема јасна во однос на нејзините амбиции. „Музиката е наш начин да останеме во контакт со сопствените чувства и стравови, како и да избегнеме емотивно оддалечување од сѐ. Луѓето може да доаѓаат од најразлични краеви на светот, но сите тие делат иста основна база на емоции. Според мене, музиката е форма на уметност или комуникација што тоа најточно го изразува“.

Билети за концертот на Noga Erez на 8ми ноември во МКЦ СКопје во продажба од денес по цена од 250 денари.