info@karti.com.mk

Mopo

октомври

20

400 мкд

23.59

МКЦ Денсинг Сала

Mopo

mopo skopje jazz festival mkc dancing sala 

Организатор на настанот: Skopje Jazz festival

Финското трио Mopo, составено од саксофон, бас гитара и тапани, е во центарот на вниманието на светските музички инфлуенсери веќе подолго време, токму поради својата уникатна фузија на панк, џез и инспирацијата од природата во Финска. Mopo (мопед) се движи со забрзување од нула до брзината на светлината, најчесто притискајќи ја гас-педалата, особено кога станува збор за брзо и грубо возење вон градот, во руралните области. Овој моќен состав се формираше во есента 2009-та година. Едноставниот трио формат им овозможува на трите инвентивни импровизатори да истражуваат бескраен број звучни сценографии, што брзо преминуваат од слатки и танцувачки мелодии до најсурови врисоци. Имаат објавено четири албуми: “Jee!”(2012), “Beibe”(2014), “Laivalla”(2016) и “Mopocalypse”(2017). Со албумот “Beibe” ја освоија финската Греми награда во категоријата „најдобар џез албум“. Линда Фредриксон успеа дури три пати да се појави во листата на „Растечки ѕвезди“ (Rising Star) на списанието Downbeat , а списанието All about Jazz ги вброи Mopo во својата листа од „15 европски музичари што треба да ги знаете“ (15 European Jazz Musicians You Need To Know About). Моќните настапи на Mopo ги освоија срцата на публиката насекаде во светот. Во последниве години, тие свират на турнеи низ Мексико, Велика Британија, Шведска, Словенија, Мароко, Норвешка и Турција.