info@karti.com.mk

MOOR MOTHER with Dudù Kouate & Mats Gustafsson (USA/Sweeden)

октомври

22

500 мкд

24:00

МКЦ Дансинг Сала


MOOR MOTHER with MATS GUSTAFSSON & DUDU KOUYATE

Moor Mother - MC, поезија, електроника

Mats Gustafsson - саксофони

Dudu Kouaté – вокал, африкански перкусии, флејта, џембе, нгони

www.moormother.net

Каме Ајева (попозната како Moor Mother) е американска поетеса, музичарка, пејачка, визуелен уметник и активист од Филаделфија. Има настапувано на бројни фестивали низ светот, во колеџи, галерии и музеји, соработувајќи со голем број уметници, како Кинг Брит, Роско Мичел, Клаудија Ранкин, Бел Хукс, Никол Мичел, и многу, многу други. Заедно со Рашида Филипс, таа е дел од колективот Black Quantum Futurism. Пејачка и ко-лидер на три групи: Irreversible Entanglements, MoorJewelry и 700bliss. Како Moor Mother таа во 2016 година за етикетата Don Giovanni го издаде својот деби албум „Fetish Bones“, еуфорично пречекан од музичката критика. Тој беше оценет како едно од најиновативните изданија на деценијата. Истата година, за The AfroFuturist Affair, беше издадена и нејзината прва книга поезија. По „Fetish Bones“ Каме постојано реализира голем број нови албуми, кои заедно со нејзините други интердисциплинарни проекти, изложби и резиденции во култни музеи и фестивали во светот ѝ донесоа статус на водечки визионер, борец и раскажувач на црнечката кауза од новата генерација. Репутацијата ја стекна со бескомпромисноста и редизајнирањето на електронскиот ноиз во протестни песни. Со својот длабоко личен музички израз, соединувајќи ги ноизот, политиката и Афрофутуризмот, вокабуларот на хип-хопот и енергијата на панк-рокот, Moor Mother создава нов, огигинален музички „тур де форс“. Во Скопје таа ќе настапи со специјалните гости: Дуду Којате (со кого изминативе години настапуваше и снимаше како дел од Art Ensemble of Chicago) и Матс Густафсон.