info@karti.com.mk

METTE RASMUSSEN, TRONDHEIM VOICES, SUSANA SANTOS SILVA / AB BAARS / HAMID DRAKE

октомври

20

600 мкд

20:00

МОБ

METTE RASMUSSEN

mette rasmussen,trondheim voices, susana santos,silva/ab baars, hamid drake - skopje jazz festival 

Организатор на настанот: Skopje Jazz festival

Мете Расмусен е данска саксофонистка којашто живее и твори во Трондхајм, Норвешка. Таа е истакнат претставник на новиот бран екстремни инструменталисти-импровизатори. Заснована врз енергијата на фри-џезот, нејзината беспрекорно остра, непредвидлива и длабоко структурирана музика е опишана како „глава полна со идеи“ - еден тон совршено изведени музички каприци. Континуирано испитувајќи го звучниот потенцијал на саксофонот, Расмусен користи низа различни техники и придонесува кон проширување на азбуката на инструментот. Во соло проектите, како и во соработките со други музичари, таа ја рекапитулира сопствената, лична, визија за улогата на саксофонот, честопати претворајќи ја во целосно физичко искуство. Нејзините настапи ги обединуваат публиката и уметникот и ја овоплотуваат енергијата на таа врска. Актуелна и постојано барана, таа настапувала заедно со музичари како Алан Силва, Крег Тејборн, Крис Корсано, Матс Густафсон, Пол Ловенс, Аксел Дорнер, Мо, Џон Едвардс, Бери Гај и Зина Паркинс. Американскиот музички магазин Downbeat ја нарече „млада скандинавска саксофонска сензација“.

TRONDEHEIM, VOICES

Trondheim Voices

Trondheim Voices е револуционерен и иновативен норвешки ансамбл составен од вокалистки-импровизаторки, постојано предизвикувајќи ја и менувајќи ја структурата на композицијата во поглед на тоа како еден вокален ансамбл може да креира уметност на звукот. Цврсто наметнувајќи се на сцената како уникатни креатори на вокалната и импровизирачката музичка уметност уште во 2001-та година, тиe го проширија традиционалниот концертен формат, барајќи нов музички израз во интеракцијата помеѓу пејачките, публиката, амбиентот и новата технологија. Во фокусот се индивидуалноста на секоја пејачка и нејзината боја на глас во комбинација со другите гласови, што резултира со извонреден квалитет на колективниот тон. Преку многубројните соработки со најсовремените композитори и сценски уметници, а особено преку соработката со дизајнерот на звук Асле Карстад и визуелната уметница Ен-Кетрин Хертлинг, Trondheim Voices досегнаа комплетно нов стадиум на импровизација, со музиката, движењата, новата технологија, просторот и времето. Суптилната интеракција меѓу пејачките, дизајнерот на звук, публиката и моментот, е нивната точка на навигација - создавање нова музика по пат на слушање и препуштање на мигот. Делото “Folklore” на Хелге Стен и Столе Сторлокен ја истражува дистанцата меѓу акустичниот и електронскиот звук, хармоничната и микротоналната музика, познатото и непознатото.
mette rasmussen,trondheim voices, susana santos,silva/ab baars, hamid drake - skopje jazz festival

е револуционерен и иновативен норвешки ансамбл составен од вокалистки-импровизаторки, постојано предизвикувајќи ја и менувајќи ја структурата на композицијата во поглед на тоа како еден вокален ансамбл може да креира уметност на звукот. Цврсто наметнувајќи се на сцената како уникатни креатори на вокалната и импровизирачката музичка уметност уште во 2001-та година, тиe го проширија традиционалниот концертен формат, барајќи нов музички израз во интеракцијата помеѓу пејачките, публиката, амбиентот и новата технологија. Во фокусот се индивидуалноста на секоја пејачка и нејзината боја на глас во комбинација со другите гласови, што резултира со извонреден квалитет на колективниот тон. Преку многубројните соработки со најсовремените композитори и сценски уметници, а особено преку соработката со дизајнерот на звук Асле Карстад и визуелната уметница Ен-Кетрин Хертлинг, Trondheim Voices досегнаа комплетно нов стадиум на импровизација, со музиката, движењата, новата технологија, просторот и времето. Суптилната интеракција меѓу пејачките, дизајнерот на звук, публиката и моментот, е нивната точка на навигација - создавање нова музика по пат на слушање и препуштање на мигот. Делото “Folklore” на Хелге Стен и Столе Сторлокен ја истражува дистанцата меѓу акустичниот и електронскиот звук, хармоничната и микротоналната музика, познатото и непознатото.

SUSANA SANTOS SILVA/AB BAARS/ HAMID DRAKE

mette rasmussen,trondheim voices, susana santos,silva/ab baars, hamid drake - skopje jazz festival 

Сузана Сантош Силва е трубач, импровизатор и композитор од Порто, Португалија. Во последниве години светската музичка критика ја смета за еден од најмоќните нови експоненти на современиот џез и импровизацијата. Со нејзиниот единствен пристап што произлегува од еден опсежен спектар на влијанија, од класичната и современата музика до џезот и текстуралната уметност на звукот, таа покажува интерес за проширување на границите на инструментот и за истражување нови начини на изразување во музиката. Еднакво комотна во регуларен ансамбл со структуриран музички израз, како и во слободната импровизација и напредните техники, Силва редовно настапува во најразлични формации, од оркестарски до соло. Таа патува, настапува и снима со врвни музичари од Португалија, Шпанија, Франција, Холандија, Белгија, Луксембург, Швајцарија, Германија, Австрија, Полска, Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Косово, Србија, Италија, Грција, Египет, Мароко, Ирска, Велика Британија, Шведска, Норвешка, Данска, Финска, САД, Уругвај, Аргентина, Бразил, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија. Во оваа прилика, на 37-то издание на Скопскиот џез фестивал, Сузана ќе настапи во трио формат, заедно со извонредниот холандски саксофонист, кларинетист и композитор Аб Барс, како и со еден од најдобрите тапанари/перкусионисти во џезот, чикашката легенда Хамид Дрејк.