Да ја заокружиме годината со незаборавна македонска музика! Ве покануваме на уникатен концерт на легендарната група Меморија, кој ќе се одржи на 25.12.2025 (четврток) во МКЦ, со почеток од 20:00 часот. На сцената ќе оживее вистинско музичко патување – времеплов низ четири децении музичко творештво, исполнет со најголемите хитови кои оставија трага во македонската рок историја. Настанот ќе го изведат членови на групата кои низ годините биле дел од Меморија, создавајќи ретко и автентично доживување.
Подгответе се за вечер исполнета со емоции, носталгија и моќен рок звук што не старее.
Се гледаме во МКЦ – да создадеме нови спомени со музиката на Меморија!