info@karti.com.mk

MAGNIFICO

април

13

300 мкд

20:30

Станица 26

MAGNIFICO @ СТАНИЦА 26

magnifico vo stanica 26 

Magnifico со својата еклектична музика надополнета со препознатливиот хумор и иронија важи за една од најистакнатите музички фигури на просторот на поранешна Југославија. Својата музика тој ја опишува како ретро шик, со комбинација на балкан-диско шлагери и џез. Неговата музичка кариера која се протега низ повеќе од три децении, ја одбележуваат бројни огромни хитови коi го освоија целиот Балкан, а со 11-те објавени албуми и повеќе од 1000 концерти одржани досега тој изгради и успешна меѓународна кариера.
Тој воедно ја компонираше музиката за некои од најуспешните филмови во регионов, а негова најпозната соработка на ова поле е со српскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. Автор е на музиката за филмовите „Монтевидео, Бог те видео!“ и „Монтевидео, видимо се!“, а за време на овие проекти Magnifico соработуваше и со шпанската дива Луз Касал. Исто така, автор е и на музиката за популарната серија „Сенки над Балканот“ во моментов актуелна и кај нас.

Покрај забавниот карактер, неговата музика е критички настроена кон различни општествени проблеми - стереотипи, предрасуди, ксенофобија и хомофобија се често теми во неговите стихови, кои во минатото предизвикаа и големи контроверзии.

Во 2016-та, MAGNIFICO го објави албумот насловен „Charlatan de Balkan“, а ова остварување тој го претставува на актуелната регионална турнеја во чии рамки гостува и во Скопје.