info@karti.com.mk

Магијата на италијанската опера

јули

22

300 мкд

20:30

Даут-Пашин Амам

 

Концерт на италијанските уметници Антонио Сарнели де Силва - баритон и Паоло Шибилиa - пијано. Единствена можност да се слушнат познати арии од италијанските опери, романси и канцони од Белини, Доницети, Верди, Тости, Леонкавало во изведба на извонредни италијански уметници. Овој концерт е дел од Фестивалот за современа музика МОДОАРС 2021.

Баритонот де Силва и пијанистот Шибилиа се познати музички артисти кои имаат голема интернационална кариера. Наполитанскиот баритон Де Силва во својата интензивна кариера вбројува концерти во САД, Германија, Швајцарија, Франција, Унгарија, Австрија, Грција. Антонио ги изведувал водечките улоги на познатите опери низ речиси сите италијански оперски куќи. Шибилиа е пијанист, композитор, уметнички промотор и диригент кој до сега изведувал преку 700 концерти низ целиот свет. Соработувал со бројни музички имиња, а настапувал и како солист со националните оркестери на Италија, Швајцарија, Русија, Украина, Молдавија, Албанија. Во дует со Де Силва ги освојуваат срцата на публиката низ многу земји.

Несекојдневна можност да се доживее магијата на италијанската опера во Скопје. 

Побрзајте, картите се во строго ограничен број.