LENNY KRAVITZ
Драги пријатели,
Знаеме дека Авалонсково возење во моментов изгледа како она на Алиса во земјата на чудата, ама едноставно некогаш некои работи така се поклопуваат.
Па затоа, задовлство ни е да ви најавиме уште едно неверојатно големо име.
Во рамки на европската турнеја по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, LENNY KRAVITZ ќе го посети и Скопје, на 03-ти мај во ВИП Арената.
Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на Lenny Kravitz во Indoor амбиент.
За ексклузивноста на скопското шоу говори и фактот што во оваа турнеја не се опфатени градовите како што се Белград, Загреб и Атина.
После минатиот албум „Strut“ кој што беше навистина извонреде, никој не очекуваше дека Lenny во толку краток период ќе се појави со уште едно толку квалитетно дело, но сепак „Raise Vibration“ е на ниво на неговите најдобри албуми досега, а последниот радиски хит „Low“ им е добро познат на сите.
Концертите на Lenny Kravitz влегуваат во оние настани што се MUST SEE BEFORE YOU DIE, бидејќи претставуваат врв во концертната лајв индустрија.