+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



ЛА ЛА ЛА - БАЛЕТСКА ПРЕТСТАВA

март

14

150 мкд

20:00

MOB



ЛА, ЛА, ЛА…! БАЛЕТСКА ПРЕТСТАВА

baletska pretstava la la la - makedonska opera i balet 

Кореограф: Саша Евтимова
Музика: Македонски евергрини
Идеја за костими : Саша Евтимова
Светло мајстор: Милчо Александров
Инспициент: Марјан Василевски, Стефан Пехчевски
Асистент–репетитор: Дафина Данилоска Кочевска

НАСТАПУВААТ БАЛЕТСКИ СОЛИСТИ И АНСАМБЛОТ
ПРИ МОБ

Кореографска мисла:
За оние што сонуваат…
Музиката предизвикува толку многу чувства во нас, спомени, копнежи, мечти, носталггичност… Сентиментален копнеж за среќа. Времињата во кои живеевме, луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови – ништо не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање, тој живот освен една стара музичка миксана лента. Само таа музика може да ги врати спомените, да ги склопи како сложувалка и напише една страница во книгата на нашиот живот.Секоја миксана лента раскажува една приказна од различно време.Музиката е таа која не води на незаборавни патувања.
Прегрнете ги спомените. Чувајте ги блиску до срцето. До вчера бевме она што денес сакаме да го заборавиме. Направете свој мал свет и ништо повеќе не ви е потребно. Толку работи има во животот од кои сме се плашеле, а немало никаква потреба за тоа. Се што ни било потребно, и се што ни е потребно е да живееме.
Се е во нас, а не таму каде што живееме. Не постојат граници,ние самите си ги поставуваме. Ако сме отворени,оптимистични и ако веруваме во себе тогаш целиот свет е наш.
За нас почнува живот, со ново име и нова страст.
Сред нешто сиво сме нашле едно цвеке што расте и цвета во нас.
За нас почнува живот од овој час.
И тогаш сфаќате – само едни очи се најдраги, една насмевка најубава,само едни раце умеат да прегрнат најискрено.