+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



КОНЦЕРТ НА KËPURDHAT

март

30

150 мкд

21:00

Бифе на МКЦ



КОНЦЕРТ НА KËPURDHAT ВО БИФЕ МКЦ

Taksirat i MKC vi gi pretstavuvaat KËPURDHAT, koncerta promocija na nivniot vtor album „N’trip“ 

Тетовскиот инди-рок бенд Këpurdhat е оформен во 2013-та и веќе има остварено значителни успеси. Првиот успех го бележат со победата на „Converse Rubber Tracks“ конкурсот и снимањето на првиот албум „Fajtu“ во „Studio M“ кај познатиот продуцент Alan O’Connell. Нивниот сингл, „You don’t care“, издаден од „360 M Records New York“ лани беше номиниран за најдобра песна на годината од страна на „Akademia Music Awards – Los Angeles“ кои потоа и го прогласија за „Best Rock Song“ за 2017-та. Досега имаат свирено на EXIT Фестивал, Пиволенд, Beer & Wine, Anibar, Green Fest, Д Фестивал, Desound, Pin music conference. На 30-ти март пак, не пропуштајте во живо да го искусите најновото остварување на еден од најпотенцијалните млади бендови кај нас, за кој Akademia Music Awards вели:
„Këpurdhat рика од длабочините со глас кој може да биде остар како пила или да ги стопи срцата со сирова страст, додека остатокот од бендот грми на сцена“.