info@karti.com.mk

„КОКИНО – ТВРДИНА НА СОНЦЕТО“

септември

17

100 мкд

15:00

Кокино

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИЦАТА КОИ КУПИЛЕ АВТОБУСКИ БИЛЕТ:
ПОАЃАЊЕ во 13:30 (Дрводекор) – Скопје

ВРАЌАЊЕ во 19:00 (Кокино)

„КОКИНО – ТВРДИНА НА СОНЦЕТО“

Мултимедијалниот фестивал „КОКИНО – Тврдина на сонцето“ годинава ќе се одржи на 17-ти СЕПТЕМВРИ (недела), на мегалитската опсерваторија Кокино. Несекојдневниот целодневен хепенинг и оваа година ќе се одржи со мноштво културни активности во подножјето на Кокино, долж обележаната патека/рута и во просторот на самата опсерваторија.

Програмските активности на настанот почнуваат во 15:00 часот кога ќе се одржуваат организирани едукативни тури до опсерваторијата, работилници, предавања и презентации, како и перформативните активности на настанот кои стартуваат со поетско читање и го заокружуваат целодневното дружење со музичката програма во чии рамки годинава ќе уживаме во настапите на STRING FORCES, VOLTAIRE MANI AL HAKIM и диџеј ШУРБЕ.

Влезот за посетители на настанот е бесплатен, но ве потсетуваме дека се работи за настан со СТРОГО ОГРАНИЧЕН КАПАЦИТЕТ и РЕГУЛИРАН ПРИСТАП до локацијата, кој минатата година беше распродаден во рекорден рок.

За време на настанот ќе биде регулиран и пристапот до локацијата со автомобили, за што пак е обезбеден посебен паркинг простор, кој посетителите ќе ги чини 100 денари од возило. Ги информираме сите оние кои нема да успеат да ги набават своите билети за возило, дека НЕМА ДА БИДАТ ПРОПУШТЕНИ НА КОНТРОЛНИТЕ ПУНКТОВИ.

Бидејќи специфичноста на локацијата наметнува посебни услови пред сѐ од безбедносен и еколошки аспект, апелираме до посетителите во што поголем број да го користат организираниот автобуски превоз. Доколку сепак се одлучите на настанот да дојдете со сопствено возило, поради строго ограничениот капацитет ве советуваме што поскоро да го осигурате билетот за пристап до паркингот на настанот.