info@karti.com.mk

Како да беше некогаш

октомври

05

150 мкд

19:00

Кинотека на Македонија

kao da je bilo nekad - skopje cinema city

Како да беше некогаш

Документарен филм, Србија
2008 г., 90 мин., колор, блуреј
Режија: Душан Весиќ

„Како да беше некогаш“ на режисерот Душан Весиќ е биографски филм за култниот бенд ЕКВ од Белград. Тоа е емотивна и возбудлива приказна за животот и смртта, за љубовта и омразата. Сите членови на креативното јадро на бендот починале во периодот од 1992 до 2002 г. Од друга страна, пак, голем е бројот на автори кои и ден-денес творат инспирирани музиката на овој бенд. Покрај трагичната судбина на членовите на бендот, во филмот се зборува и за поврзаноста на рокенролот со некогашните власти во СФРЈ, т.е. за новиот бран. Соговорниците зборуваат и за тешки теми, како што се каналите преку кои дрогите доаѓале од врвот на комунистичкиот режим и го наоѓале патот директно во процесот на создавањето на една цела генерација во Белград. Преку сведочењата на пријателите на Милан Младеновиќ и на неговите колеги, на музичарите, преку коментарите на критичарите и на историчарите на уметноста, ќе проследиме една интересна и потресна приказна за Белград од осумдесеттите години на минатиот век, приказна за уметноста и за животот на една прерано созреана генерација. Ќе слушнете многу добра музика што го одбележа созревањето и им го одреди музичкиот вкус на неколку генерации во поранешна Југославија, а која и денес има оставено силен белег врз сите кои размислуваат и живеат урбано и слободно. Во 2018 година режисерот Весиќ ја објави биографската книга за Маги Стефановиќ „Како таа да беше некогаш“. По прикажувањето на филмот ќе следи разговор со режисерот и авторот и промоција на книгата.