Акустичен кабаре концерт "Јаболки и круши за уметнички души"
Овој концерт е симбиоза на музика и театар и ќе ги исполни сите сетила на публиката, а ја издвојува Мијата како мултиталентиран артист која успева да раскаже приказна сублимирана од нејзините авторски песни. Домаќинска, Еден ден, Верувам во себе и други, публиката ќе ги доживее одново и на многу поинтимен начин .
Учествуваат:
Мијата (вокал),
Мето Јанакиевски (пантомима и физички театар), Ајхан Куртов (пијано),
Кирил Туфекчиевски(контрабас),
Зоран Костадиновски (акустична гитара),
Ратко Даутовски (кахон и перкусии),
Ангела Здравковска (придружен вокал),
Јелена Мијатовиќ (рецитации)
Војо Цветановски (режија)
Тања Рибарска (инспициент)
Фросе Левковска (фото)
"Сѐ започна од јаболкото... Серпентијата ме научи како да се насладувам со сокот јаболков."
~MIYATTA