info@karti.com.mk

ХОФМАНОВИ ПРИКАЗНИ – ЖАК ОФЕНБАХ

февруари

16

300-400 мкд

20:00

МОБ

ХОФМАНОВИ ПРИКАЗНИ – ЖАК ОФЕНБАХ

 

„Хофманови приказни“ е опера напишана од Жак Офенбах. Либретото на француски јазик е напишано од страна на Жил Барбиер и базирано е врз три кратки приказни напишани од страна Е. Т. А. Хофман. Како главен протагонист во операта е искористен Хофман лично. Барбиер и Мишел Кери претходно имаат напишано претстава „Хофманови приказни“ која била продуцирана во театарот Одеон во Париз во 1851 година и која Офенбах ја има гледано.

Диригент: Андреа Черта (Италија)
Режисер: Урсула Хорнер (Австрија)
Сценограф: Марија Ветероска
Костимограф: Марија Пупучевска
Кореограф: Урсула Хорнер, Олга Панго
Концерт мајстор: Климент Тодороски
Асс. Режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска
Асс.костимограф: Марта Трендафилова
Асс.Хор мајстор: Јасмина Ѓоргеска, Ѓурѓица Дашиќ
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреј Наунов
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски       
Суфлери: Павлина Здравкова Светлана Георгиевa                                                                                        

 

НАСТАПУВААТ:
Хофман: Рафаел Алварез (Мексико)
Никлаус: Николина Јаневска
Олимпиjа: Наде Талевска
Џулиета: Марија Наумовска
Антонија: Дешира Ахмети
ЛиндорфДапертуто/ Андреа Ѕаупа (Италија)
Копелиус, Д-р. Миракл: Ернес Ибраимовски
Андрес: Дејан Стоев
Кошенил: Јане Дунимаглоски
Питикиначо: Дејан Стоев
Франц: Јане Дунимаглоски
Лутер: Диме Петров
Спаланцани: Зоран Данилов
Креспел: Владимир Саздовски
Глас: Катерина Бошковска
Шлемил: Невен Силјановски

Синопсис

I ЧИН

ПРОЛОГ

Таверна во Нирнберг. Примадоната Стела, која настапува во „Дон Џовани“ од Моцарт, му праќа писмо на Хофман (познат германски писател), барајќи состанок во нејзината гардероба по настапот. Писмото и клучот од собата ги пресретнува членот на советот Линдорф кој е олицетворение на ѓаволот – злобник кој е Хофманов противник. Линдорф планира на состанокот да се појави самиот тој место Хофман. Во таверната студентите го чекаат Хофман. Тој, заедно со својот пријател Никлаус, фантазмагоричен лик кој е ангел чувар на Хофман и негово второ јас, пристигнува и ги забавува студентите со легендата за џуџето Клајнцак (приказна базирана на бајката – Малиот Зак наречен Цинобер). Поттикнат од Линдорф, Хофман на студентите им ја раскажува својата животна приказна за неговите три љубови.

 

(Олимпија)
Првата љубов на Хофман е Олимпија, автомат создаден од страна на научникот Спаланцани. Хофман се вљубува во неа, не знаејќи дека Олимпија е механичка кукла. Никлаус, кој ја знае вистината за Олимпија, пее приказна за механичка кукла која изгледа како човек, со што го предупредува Хофман. Љубовниот занес на Хофман го спречува да ја разбере пораката на Никлаус. Копелиус, креаторот на очите на Олимпија и соработник на Спаланцани, со зла намера му продава на Хофман волшебни очила со коишто Олимпија се прикажува како вистинска жена. Олимпија пее една прекрасна арија, во која таа периодично се исклучува и треба да биде повторно вклучена пред да продолжи. Хофман е прелажан во верувањето дека неговите чувства се вратени, збунет е и Никлаус кој суптилно се обидува да го предупреди својот пријател. Во исто време, се појавува Копелиус и ја уништува Олимпија во знак на одмазда бидејќи е изигран од страна на Спаланцани. Додека гостите го исмејуваат, Хофман сфаќа дека бил вљубен во автомат. Оваа приказна е базирана врз делото „Песочен човек“.

II ЧИН

(Џулиета)

Венеција. Чинот започнува со баркарола (народна песна која најчесто ја пееле италијанските гондолиери). Хофман се вљубува во куртизана по име Џулиета и мисли дека неговите чувства се возвратени. Џулиета не е вљубена во Хофман, туку таа само го заведува по наредба на Капетан Дапертуто, кој ѝ има ветено дека ќе ѝ даде дијамант доколку таа успее да го украде Хофмановиот одраз од огледалото. Хофман се сретнува со Џулиета и не може да ѝ одолее, тој ѝ го дава својот одраз. Љубоморниот Шлемил беше претходна жртва на Џулиета, а Дапертуто (кој ѝ ја дал на Џулиета својата сенка), го предизвикува Хофман на дуел, но во дуелот е убиен. Напуштен од куртизаната, на огромно задоволство на Дапертуто, Хофман конечно разбира дека неговиот љубовен сон е лажна илузија. Оваа приказна е базирана на -„Авантурите во новогодишната ноќ“.

(Антонија)

Минхен. Хофман и Антонија се вљубени еден во друг, но биле одвоени бидејќи Креспел одлучува да ја сокрие својата ќерка од Хофман. Антонија го има наследено талентот за пеење од својата мајка, но нејзиниот татко ѝ  забранува да пее поради мистериозната болест од којашто боледува. Антонија посакува да ѝ се врати љубовникот. И покрај забраната да се гледа со својот саканик, Хофман ја охрабрува Антонија во нејзината музичка кариера не знаејќи дека таа поддршка претставува опасност за нејзиниот живот. Креспел му кажува на Франц, неговиот слуга, да остане со неговата ќерка и да ја чува. По долго барање, Хофман ја наоѓа куќата каде што се кријат Креспел и неговата ќерка Антонија. Кога Креспел ќе ја напушти својата куќа, Хофман ја искористува можноста да се прикраде и љубовниците повторно се заедно. Кога Креспел ќе се врати дома, во посета му доаѓа д-р Миракел кој од Креспел бара да му дозволи тој да ја лекува Антонија. Хофман кој сè уште се наоѓа во куќата го слуша разговорот и дознава дека Антонија може да умре доколку премногу пее. Тој се враќа во нејзината соба да ја убеди да се откаже од нејзините соништа за уметноста. Антонија без своја волја ја прифаќа желбата на својот сакан. Кога таа ќе остане сама, д-р Миракел влегува во нејзината соба и се обидува да ја убеди да пее и да го следи патот до славата на својата мајка неволно наведувајќи дека Хофман ја жртвува и ја сака само поради нејзината убавина. Тој создава визија од мртвата мајка на Антонија, ја убедува Антонија да пее и со тоа ја предизвикува нејзината смрт. Креспел пристигнува токму на време да биде сведок на последниот здив на својата ќерка.

Чинот е базиран врз Рат Креспел.

 

ЕПИЛОГ

Таверна во Нирнберг. Хофман пијан се колне дека нема повторно да се вљубува и при тоа објаснува дека Олимпија, Антонија и Џулиета се три аспекти (гледишта) на една иста личност, Стела, нереализираната љубов на Хофман. Кога Хофман вели дека повеќе не сака да љуби, се слуша гласот на Никлаус, како глас на универзалната љубов, кој на Хофман му вели дека е „препороден поет“ со зборовите – „Те сакам Хофман! Биди мој!“  Магијата на поезијата и пораката допираат до Хофман. Тој одговара – „Музо на љубовта јас сум твој!“