info@karti.com.mk

Евергрин вечер со ДАЦ & Александар

август

14

600-800 мкд

22:00

Антички Театар Охрид

 

ДАЦ И АЛЕКСАНДАР – ЛЕК ЗА ДУША

Популарното дуо "Дац и Александар" за една година од своето постоење  ги освои симпатиите на публиката со своите романтични песни и популарните евергрин забави кои ги приредуваат.
Драган Спасов Дац (1963) е македонски актер, првенец во Драмскиот театар. Во својот богат театарски живот има остварено многу значајни улоги и признанија. Покрај актерството, тој е и поет и интерпретатор на забавна музика.
Александар Митевски (1978) е водечки кантавтор, со 25 години активна кариера како композитор, текстописец, продуцент и пејач. Има напишано преку 200 авторски композиции за себе и има соработувано со повеќе водечки пејачи во земјата и регионот.
Дуото за првпат официјално се појави на фестивалот “Охридски трубадури” во септември 2019 година со песната “Цреши охридски” ( освои второ место од публика и прво од стручно жири), а потоа на фестивалот “Макфест” со “Уште ми фалиш” ја освоија втората фестивалска награда.  Во нивниот опус следеа хитови како “Љуби ме”, “Ангелина (кавер верзија на популарната “Надалина”), “Хипноза на една љубов”, “Корона Чао” и “Слика”. Ова популарно дуо со почетокот на пандемијата од корона вирусот започна со свои секојдневни “карантински” изведби и на барање на публиката испеа преку 100 нумери во текот на 5-месечниот период. Според зборовите на нивните фанови, Дац и Александар беа навистина “светло во тунелот” во овој тежок период и буквално не се штедеа "за добро расположение на народот". Тие ја создадоа и најпопуларната кавер верзија на “Бела чао”, насловена “Корона Чао” која за кратко време стана регионален мега хит. Неодамна на годишнината од нивното музицирање направија и свое компилациско CD издание со хитови насловено “Лек за душа”.
Нивните евергрин забави секогаш се најбарани и најпосетени затоа што изобилуваат со носталгија за едни убави времиња, нивни изведби на вечни шлагери и убави романтични стихови, како и микс на нивните хитови со песни од екс-YU просторите кои “ги сакаат сите генерации”.

Капацитетот на Антички театар ќе биде преполовен и искористен за 1.200 посетители поради почитување на протоколите за заштита и опасност од ширење на Ковид 19.