info@karti.com.mk

Еурека – Рефлексија

декември

03

350 мкд

19:00

Национална Опера и Балет

Еурека – Рефлексија

ЕУРЕКА – РЕФЛЕКСИЈА Денес. Затоа што утре не ни е ветено.
Инспирирани од (Р)еволуцијата предводена од новите генерации, танцовото студио Еурека четврта година по ред ја доближува инклузијата до сите нас, ја носи во секој дом и ја прави секојдневие.Новата претстава “Рефлексија” зборува за сликата на светот низ призма на видувањата на нашите срца и е приказ на секојдневниот живот. Обработува актуелни и значајни животни теми и проблеми за сегашноста. Танцуваат 220 членови на студиото со и без попречености, кореографијата е авторска на кореографите од студиото, а музиката се внимателно избрани композиции на Кирил Џајковски.
Во свет на различности и нееднаквости каде единствената константа е промената, да направиме и бидеме позитивната промена во нечиј живот. Инклузивно прифаќање, соединување, заедништво.
Животот е сликата која ја имаме за него.
Рефлексија.