одбери пресметај резервирај потврди

Влезници за музеј на илузии - ЈУНИ


Во моментов нема продажба за овој настан
Мапа на салата

Музеј на илузии

Општи информации

Илузиум

Влезете во еден поинаков свет, каде целата ваша реалност се претвора во една виртуелна илузија. Замислете свет каде постои сѐ она што е надвор од границите на нормалата. Бидете дел од една поинаква авантура, исполнета со многубројни нереални изненадувања. Некогаш вашите сетила можат да ве излажат. Дали верувате во сѐ што ќе видите?
Три спрата исполнети со илузии, многу забава и поинакво доживување. Поминете незаборавно време разгледувајќи ги сите фотографиии, решавајќи дилеми и мозочни сложувалки. Дали се плашите од диви животни и колку можат да бидат страшни и безопасни во ваша непосредна близина? Дали сте доволно храбри да се качите во лифтот без дно?
Дозволете си себеси да се изгубите во лавиринтот на бесконечни огледала, да влезете во торнадо од илузии, да ја победите гравитацијата или можеби да се послужите себеси за нечија вечера….но, доволно ви откривме! Доколку сакате да ја искусите магичната приказна, подгответе се за големото отворање на ИЛУЗИУМ на 6ти Jуни!

Земете ги вашите најблиски и вашиот фотоапарат, и подгответе се да ја збогатите вашата колекција на фотографии, со сосема поинакви и необични фотографии!