одбери пресметај резервирај потврди

Балет "Триптих Нушиќ"

Избери:
Одбери број на билети кои сакаш да ги нарачаш
Цена на билетот: MKD 300.00
Мапа на салата

Културен Центар "Глигор Прличев"

Општи информации

Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација. Формиран уште во далечната 1958 година како Дом на културата, институција за развој и унапредување на културно-уметничката и забавната дејност во Охрид, половина век претставува значаен витален Центар на бројни подвижни културни облици што чинат културно единство - мозаик од културни настани. Повеќето од културните облици опстојуваат напоредно во времето во кое опстојува установата, а многу од нив во дослух со современите потреби се подложуваа на промени и кога тоа ќе го побараше актуелноста на духот на просторот, отстапуваа пред нови што постојано надојдуваа, надополнуваа стари или продолжуваа како нови облици. Дејноста на оваа културна установа е програмски и функционално поттикнување и развој на културата, двигател на културниот израз на севкупната популација во регионот, особено на творештвото на децата и младината, објавување на културно-уметнички дела, како и вршење на други дејности од областа на културата согласно со закон. Во склоп на Центарот за култура функционира Народен Театар Охрид.