ЏЕФ БАКЛИ- СИТЕ ТУКА ТЕ ПОСАКУВААТ
Џеф Бакли бил нешто посебно. За време на ’90 те се чинело како да се појавил од никаде, но сепак веќе бил оформен и созреан пејач кој ги маѓепсувал луѓето со својот ангелски глас и необичното чувствително свирење на гитарата. Тој бил напуштениот син на трагично починатиот фолк херој од ’60те, Тим Бакли, Иако млад како музичар веќе имал свој карактеристичен пристап кон изведувањето песни. Пример за тоа е неговата изведба на песната на Леонард Коен „Hallelujah“ каде со својот еротски и спиртуален набој ќе направи оваа песна да се оттргне од заборавот и да стане класична песна каква што ја познаваме денес. За време на својот краток живот, пред да почине на 30 г. возраст, тој направил само едно ремек дело, албумот „Grace“ и кое за жал е единственото сведоштво за неговиот талент. Филмот „Сите тука те посакуваат“ е снимен за да се обележи годишницата од неговата рана смрт кога се удавил во реката Мисисипи. Преку извадоци од интервјуа, ретки снимки и интервјуа со соговорници како Џими Пејџ, Пети Смит, Криси Хајнд, бројни фанови и соработници се реконструира животот и достигнувањата на овој музичар.