info@karti.com.mk

Дони Дарк, мала сцена

април

27

300 мкд

20:00

Театар Комедија

 Дони Дарк 

teatarska pretstava doni dark - teatar komedija

Организатор на настанот: Театар Комедија

Дони Дарк“ е романтична комедија чија содржина го опфаќа процесот на осамостојувањето на едно младо слепо момче и неговата социјална интеграција во општеството, притоа прикажувајќи ги различните емотивни фази и состојби низ кои поминуваат овие лица и нивните семејства. Дејството е сетилно, поддржано со многу интензивни емоции, и се движи некаде помеѓу болката и радоста, љубовта и омразата, моќта и немоќта, горчливото и слаткото... Поради својата тематика, која ги опфаќа правата и социјализацијата на луѓето со посебни потреби, но и поради сите други квалитети кои ги има како театарска пиеса, „Дони Дарк“ е исклучително актуелна претстава.

Со овој театарски проект во Театар Комедија беа реализирани неколку проекти за подобрување на условите за пристап и непречено следење на претставите од страна на лицата со хендикеп и на тој начин Т. Комедија се вброи меѓу театарските куќи кои ги отвораат вратите за сите категории на граѓани. За оваа претстава, по ваша претходна најава во билетарницата, обезбедуваме титл за глувонеми лица. 

teatarska pretstava doni dark - teatar komedija 

 Организатор на настанот: Театар Комедија

Играат:

Дони Дарк – Даријан Петров

Џил – Мирјана Поповска Ристов

Госпоѓа Бејкер – Магдалена Ризова-Черних

Ралф – Сашо Ристовски

(Текстот е работен по мотиви од текстови од неколкумина современи американски автори.)

 

Режија: Роберт Ристов

Сценографија: Инес Петрова-Бошкоска

Костимографија: Елена Лука

Музика: Гаро Тавитјан

Виолончело: Дејан Цветковски

Тон мајстор: Ѓорѓи Полизов