info@karti.com.mk

DJ MUKAMBO

јуни

02

200 мкд

01:00

Клуб Епицентар

DJ MUKAMBO

OFFEST 2018

DJ MUKAMBO OFFEST 2018 

Бенџамин Толет е белгиски музички новинар, глобален „грув” активист, радио-водител и продуцент и ди-џеј од Брисел, кој од 2005 пишувал и за неколку белгиски, холандски и француски весници и списанија како експерт за светската музика. Јасна е неговата наклонестост кон африканската музика со корени од континентот и дијаспората. Неговото Радио Мукамбо се нурнува во светскиот „грув” и пулсирањата на градовите, при што афро-битот, етиопскиот грув, афро-латинските и афро-бразилските, сукус, арабеска и португалските звуци, како и хип-хопот, создаваат светска фузија без граници. Тој никогаш немал амбиција да стане ди-џеј, но музичкото новинарство и неговите неделни подкасти беа причина за постојаните покани за ди-џеј настапи. Мукамбо успева да го воведе афричкиот „грув” во ноќниот живот во градовите, држејќи го ритамот до раните утрински часови. Последните четири години Мукамбо е движечката сила на најголемата глобална „грув” забава во Брисел – “Groovalicious“.