info@karti.com.mk

Дарко Рундек

август

15

1000-1500 мкд

21:00

Антички Театар Охрид

ХЕРОЈОТ НА НАШЕТО ВРЕМЕ ДАРКО РУНДЕК КОНЕЧНО ВО ОХРИД - OPEN AIR!

 

Драги пријатели,

Како што ви ветивме, продолжуваме понатаму со музика, ширење позитивна енергија и добро расположение.

После концертот на Амира Медуњанин задоволство ни е да ви го најавиме нашиот втор проект во Античкиот театар во Охрид. На 15-ти август ќе настапи Дарко Рундек со својата екипа којшто конечно ќе има концерт на вистинското место како што заслужува.

Дарко Рундек и Екипа неодамна го најавија новиот албум “Brisani prostor” со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите негови големи хитови како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, Haustor.

Капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност.

Останете во добро здравје и се гледаме на концерт!

Одиме понатаму,

Авалон Продукција