info@karti.com.mk

DADDY G (MASSIVE ATTACK) - DJ SET (UK)

јуни

08

500 мкд

23:59

Клуб Епицентар

DADDY G (MASSIVE ATTACK) - DJ SET (UK)

OFFEST 2019

Грант Маршал, познат по неговиот уметнички псевдоним Daddy G, се смета за духовен татко на феноменот што во историјата е познат како „Бристолски звук“. Тоа е оној лабаво-мрачен звук што во себе вдишува даб, реге, фанк, диско и хип-хоп, звук што остави глобална трага во последниве речиси три децении, застапуван од неговите главни протагонисти: Massive Attack, Tricky, Portishead, Smith & Mighty... Тој e еден од основачите на Wild Bunch Sound System, од коj произлегоа Massive Attack. Покрај Mushroom и 3-D, Daddy G беше еден од клучните членови на групата како и еден од главните вокали. Сепак, далеку пред да формира бенд, Daddy G беше познат како диџеј. Во 1980 година тој беше еден од најмладите диџеи во Бристол, а неговото име стана синоним за музички еклектицизам. Уште во времето на Wild Bunch Sound System, Daddy G веќе имаше статус на локална ѕвезда. Неговите диџеј сетови беа легендарни не само поради  самата селекција и вештини на миксање, туку и по неговата способност да го употреби микрофонот на толку различни начини како што тоа го правеше и со грамофоните. Успехот на Massive Attack во 90-тите ја проретчи активноста на Daddy G како диџеј, но тој никогаш целосно не го напушти овој свој вроден порив. А кога Massive Attack се на распуст, Daddy G продолжува да ги поттикнува луѓето да танцуваат во најдобрите клубови во светот.