info@karti.com.mk

АЦА ЛУКАС, МИЛИЦА ПАВЛОВИЌ, ПЕЏА МЕДЕНИЦА

декември

29

400 мкд

20:00

Вип Арена Борис Трајковски

Балканска журка со Аца Лукас, Милица Павловиќ и Пеџа Меденица

aca lukas, milica pavlovikj, pedja medenica prednovogodishen koncert vo skopje

На два дена пред дочекот на новата година, ВИП арената Борис Трајковски во Скопје, ќе биде местото на најголемата балканска журка во регионот. На 29 декември, со почеток во 20 часот, на една сцена и во една вечер ќе се појават Аца Лукас, Милица Павловиќ и Пеџа Меденица. Со повеќе од 4 часа забава, на сцената во Борис Трајковски ќе се нижат најголемите балкански хитови на овие големи музички имиња.

На овој концерт, првпат во живо Аца Лукас и Милица Павловиќ ќе го изведат својот сега веќе голем хит „Кидаш ме“. Репертоарот на Лукас е веќе добро познат. Павловиќ пак, првпат ќе настапи пред македонската публика на ваков голем и спектакуларен концерт. И таа и Пеџа Меденица им се добро познати на македонските фанови со оглед на честите настапи низ македонските дискотеки. Сега и двајцата, ќе имаме можност да ги видиме на голема концертна сцена.

Стартот на концертот е закажан за 20 часот. Организатор на овој музички настан е Балканска музичка продукција.