info@karti.com.mk

30 ГОДИНИ КАНАЛ 103 КРСТЕ РОЏЕВСКИ

јули

22

400 мкд

21:30

Куршумли Ан

Почнуваме со физичкиот дел од одбележувањето на 30-тиот јубилеј на нашата Стотројка

Соло концерт на Крсте Роџевски, еден од највозбудливите композитори и најсуптилните вокали во македонската музика воопшто. Плус брилијантен гитарист! Акустична прошетка низ најинтересните ќошиња од неговите четири њујоршки албуми што ја заинтригираа светската не само џез критика и публика: „Batania“ (2015), „Bitter Almonds“ (2017), „The Rabbit And the Fallen Sycamore” (2018) и “Hubris” (2020).

Во магичниот амбиент на Куршумли Ан, создаден за патување низ минатото, музичката терапија на Крсте ќе ви ги стоп(л)и срцата до таа мера што ќе ви дојде „диферент во нозете“.
Настанот ќе се одржи со почитување на актуелните регулативи за одржување концерти на отворен простор. Благодарност до Институтот „Јунус Емре“ за поддршката.