info@karti.com.mk

Арена Тодор Проески

Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје — повеќенаменски стадион кој најчесто се користи за фудбалски натпревари. На него играат фудбалските клубови ФК Работнички и ФК Вардар, како и фудбалската репрезентација на Македонија. Неговиот моментален максимален капацитет изнесува 36.400. Владата на Република Македонија официјално го преименува стадионот во февруари 2009 и со тоа сега името гласи Национална арена „Филип Втори“. Старото име на стадионот e „Градски стадион Скопје“, па поради тоа е познат и под прекарот „градски“. Во 2017та година стадионот е преименуван во Телеком Арена.