info@karti.com.mk

ПРЕМИЕРА МАЦ, МАЦ

април

26

300 мкд

20:00

НУЦК Јордан Х. К. Џинот, Велес

                                                                                                                            

 

Мац, мац! - Премиера

Премиерата на претставата “Мац,мац” која е работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив” од Тенеси Вилијамс, а во режија и кореографија на Филип Петковски и ко-продукција на Пресврт, Театар “Ј.Х.К.Џинот”- Велес, како и германскиот Гете институт ќе се случи на 26.4.2024 година во Велешкиот театар. Целта на овој проект е да го афирмира постдрамскиот стил на изразување преку поставување на современи американски драми како и промоција на физичкиот театар преку колаборативен процес базиран на импровизации и телесно изразување. Преку интердисциплинарна соработка и промоција на млади танчери и актери, проектот создава уникатен сценски продукт кој провоцира и ги покрева темите поврзани со семејни врски, хомофобијата, патријархатот,  немоќноста и  алчноста,  кои длабоко одекнуваат со предизвиците и сложеноста на светот во кој живееме денес.

Играат:
Ведран Чешарек- Брик
Ана Јовановска- Меги мачката
Илин Јовановски- Скипер
Васил Зафирчев- Биг Деди
Кети Борисовска- Биг Мама
Филип Христовски- Гупер
Сандра Танчева- Меј
Режија и кореографија: Филип Петковски
Музика: Мориц Вернер (Германија)
Сценографија: Дардан Жегрова (Косово) и Филип Петковски
Костимографија: Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска
Светлосен дизајн: Милчо Александров
Танцов репетитор: Стефани Шаршмидт (Германија)
Фотографија и камера: Марко Марјановиќ
Монтажа: Борјан Стојков
Визуелен дизајн: Ивана Мојсовска Головска
Продукциски координатор: Петар Антевски
Извршни продуценти: Филип Петковски, Мориц Вернер, Дардан Жегрова и
Стефани Шаршмидт
Техничка ко-продукција: Гете институтот (Фонд за интернационална копродукција),
Пресврт и Театар ЈХК Џинот- Велес.
Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција
(Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за
култура на Северна Македонија.